Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Од:

Апелацискиот суд во Скопје ја укина ослободителната пресуда за Здравко Свески и Владимир Куновски, и двајцата учесници во шарената револуција, пишува во решението на второстепениот суд, до кое дојде „А1 он“. Тројцата апелациски судии Цветанка Периќ, Тања Милева и Енвер Беџети, ја прифатиле жалбата на основното јавно обвинителство и пресудиле предметот да се суди од почеток.

Советот со кој претседаваше судијката Оља Ристова ги ослободи и двајцата од обвинение дека сториле кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело.

Причината за укинувањето на ослободителната пресуда е тоа што судот не дозволил да биде сослушано лице, сведок, како овластен претставник од Канцеларијата на Ѓорѓе Иванов.

Првин обвинителот предложил да биде сослушана во својство на сведок лицето С. С. за да одговори на поставените прашања. Првостепениот суд тоа не го дозволил со образложение дека присутниот сведок од Канцеларијата на Иванов навел дека не може да се произнесе за висината на штетата за оштетениот имот, иако бил повикуван од самиот почеток на постапката, односно две и пол години и бил должен со доаѓањето на судот да биде спремен да одговори на поставените прашања односно да има докази и да го знае износот на штетата.

Советот на Апелација оценил дека образложението на првостепениот суд за одбиениот предлог е неиздржан и спротивен на Законот за кривичната постапка, бидејќи судот не можел да претпостави дека на главната расправа ќе биде присутно овластено лице кое не е запознаено и ги нема потребните податоци за кривично – правниот настан за кој се водела постапката.

Според обвинението на Савески и Куновски им се става на товар дека на 13.04.2016 година околу 20.30 часот пред народната канцеларија на претседателот на државата учествувале во толпа од поголема група граѓани која што толпа со заедничко дејствување оштетила имот.

Обвинетите биле дел од толпата која што со фрлање тврди предмети, удирање, ги скршила излогните стакла и двојната влезна врата на канцеларијата, а потоа влегла внатре при што сом кршење бил оштетен инвентарот и ентериерот на канцаларијата, а дел од инвентарот бил изнесен надвор на улица и опожарен, а дел одземен, при што е причинета штета на надворшениот и внатрешниот дел од објектот на народната канцеларија во износ од 522.080 денари.

При повторното постапување, првостепениот суд треба да ги отстрани констатираните суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка.

За учество во толпа што ќе стори кривично дело обвинет е и Мариглен Демири, но судењето се влече со години. За пратеникот Павле Богоевски кој исто така беше обвинет, Обвинителството го повлече обвинението.

Би можело да ве интересира

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Ана Ололовска

На „шарените“ им останале над 12 илјади евра – со нив ќе ги плаќаат прекрошците и казните

Ана Ололовска