Лампард се поблиску до „Стемфорд Бриџ“

Од:

Гласините за можно враќање на Френк Лампард во Челзи се зголемуваат. Менаџерот на Дерби е меѓу имињата, ко се споменуваат за позицијата на Маурицио Сари, кој скоро сигурно ќе го преземе Јувентус.

Вечерва, „гол.ком“ сподели дека раководството на тимот од Лондон планира средба со Лампард, додека според „Гардијан“, двете страни веќе разговарале за неговото евентуално назначување.

Интересно, Челзи, точно на денешен ден пред 18 години го објави купувањето на Лампард од Вест Хем за 11 милиони фунти. Потоа, поранешниот англиски репрезентативец помина 13 сезони на „Стемфорд Бриџ“ и стана легенда за клубот.

Во текот на изминатата сезона Лампард за малку ќе го внесеше Дерби во Премиер Лигата. Сепак, тимот го загуби финалето на плејофот против Астон Вила и остана во Чемпионшип дивизијата.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска