Основците од училиште во Чаир добија распарталени и неупотребливи книги за идната година

Од:

Распарталени страници и импровизирани корици, вакви учебници добија учениците од основното училиште Петар Здравковски-Пенко во Чаир кои од септември ќе тргнат во четврто одделение.

На сликите до кои дојде А1он може да се забележи во каква состојба се предадени книгите на идните четвртооделенци.

Тотално неупотребливи, кориците кои воопшто ги нема, се заменети со картон на кој со пенкало е испишан насловот на книгата.

Голем дел од страниците во книгите недостасуваат, додека пак кај оние кои успеале да останат прилепени недостасуваат цели парчиња поради што е невозможно да се прочита голем дел од напишаното.

Од училиштето се уште нема никакво оправдување за распаднатите книги кои им се делат на учениците.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанчевска: Хаос со дивоградбите во Чаир, правеле зграда каде што е предвидена улица

Ганиу: Чаир не е шаховска фигура во политичките игри на ДУИ

ДУИ: Злото што ја попречува иднината на Чаир ќе биде отстрането

ДУИ: Во последните две години во Чаир се изградени над 150 бесправни објекти

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on