Прелиминарните резултати покажуваат победа на левицата во Данска

Од:

Според прелиминарните резултати од парламентарните избори покажуваат дека Данска може да стане трета нордиска земја која ќе има левичарска влада.

Левичарскиот блок составен од повеќе партии, од Социјалдемократите од левиот центар па до социјалистичката Црвено-зелена партија, според прелиминарните резултати, освои 94 места во Парламентот.

Владејачката Либерална партија и другите партии на десницата освоија 81 место.

Групата која освоила најмногу места во Парламентот прва добива можност да формира Влада.

Националистичката Данска народна партија, која ја поддржуваше малцинската Влада на премиерот Ларс Локе Расмусен изгуби повеќе од половината гласачи во однос на изборите што се одржаа во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ