Граѓаните на Данска денеска избираат 179 пратеници во парламентот Фолкетинг.
За разлика од другите европски земји, популарноста на крајната десница во Данска не е во пораст, па би можело да се случи данските социјалдемократи од левиот центар да се вратат на власт по четири години поминати во опозиција.
Таканаречениот црвен блок кој го сочинуваат пет партии, меѓу кои се социјалдемократите, ќе ги одмери силите со синиот блок кој е расцепкан на осум партии, од кои три се новодојдени, вклучувајќи и две отворено антимуслимански.
Избирачките места се затвораат во 20 часот по локално време, а прелиминарните резултати се очекуваат околу 23 часот.