[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Нови бранови на снег денес сериозно го отежнаа сообраќајот во Франција, Чешка, Словачка, Австрија, Италија и Хрватска.
Во Франција сообраќајот е целосно пореметен на југоистокот од државата, на Алпите и многу автопати се затворени.
На повеќето патишта забрането е возење за камиони со приколки, шлепери и слично, додека останатите возила мора да имаат зимска опрема.
Во Чешка во текот на денот паднало помеѓу 15 и 30 сантиметри снег, а градските власти ангажирале околу 126 возила за чистење, а веќе се регистрирани близу 80 сообраќајни несреќи.
Вчера снежните врнежи ја блокираа и Словачка, каде што целосно беше прекинат сообраќајот во Братислава и Нитра, но и аеродромот.
Во Австрија предизвикани се бројни сообраќајни несреќи, како и каснење на летовите на бечкиот аеродром Свехат.
Новите снежни врнежи во Италија го отежнаа сообраќајот, а во Болоња е доложен натпреварот помеѓу Болоња и Фиорентина, бидејќи теренот е покриен со снег.