Фудбалерите на Барселона ја продолжија доминацијата во домашното првенство, иако вечерва доста тешко стигнаа до нова победа.
Гостите пружија голем отпор, посебно во првиот дел кога имаа предност од 1:0. Во завршницата од првиот дел Севиља стигна до предност а стрелец на погодокот беше Ботиа.
Барса до израмнување стигна во 52. минута кога Давид Виља погоди со глава од работ на петерецот. Само осум минути подоцна Меси погоди и донесе на Барселона целосен пресврт.
Севиља до крајот на натпреварот можеше да стигне и до израмнување. Ракитиќ имаше извонредна предност, но неговиот удар го одбрани Валдес.