Фудбалерите на Реал Мадрид во рамките од 25. коло од шпанската Примера со пресврт стигнаа до победа над екипата на Депортиво Ла Коруња.
Иако се очекуваше дека Реал на гостувањето во Ла Коруња, против претпоследнопласираната екипа Депортиво ќе запишат лесна и рутинска победа тоа не се случи.
Жозе Мурињо изведе комбинирана екипа со играчите кои не играат често. На клупата ги остави Роналдо, Сами Кедира, Месут Озил, Фабио Коентрао… Првите тројца добија можност во продолжението, кога Депортиво имаше предност од 1:0.
Домаќинот неочекувано поведе во 35. минута со голот на Рики. Со влегувањето на Роналдо, Озил и Кедира, Реал ја подобри својата игра и тргна агресивно кон голот на домаќинот. До израмнување „кралевите“ стигнаа во 73. минута со голот на Кака. До крајот на натпреварот Реал на сите начини се обидуваше да стигне до победа но цврстата одбрана на Депортиво не попушташе се до 88. минута, кога Гонзало Игуаин погоди за 2:1 и му донесе победа на својот тим.