Ливерпул е новиот европски првак откако во финалето на Лигата на Шампионите во Мадрид, го победи Тотенхем со 2-0.
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах го отвори резултатот во финалето на Лигата на шампионите по само една минута и 48 секунди, кога беше досуден пенал.
Голот на Салах е втор најбрз во финале на елитното натпреварување.
Конечните 2-0 ги постави Дивок Ориги во 88. минута за титула на Ливерпул.
За Ливерпул ова е шести трофеј во елитната лига.