Контраверзниот стратег, во свој стил го опиша времето поминато во Мадрид.
„Тука сум три години, а се чувствувам како да поминало 30“ – изјави Мурињо.
За време на својот престој на клупата на „Галактикоси“ Мурињо ги освои шпанскиот Куп, Суперкупот и Примера. Додека тој е во Мадрид, Гвардиола има освоено 14 трофеја со Барса.
Во својата прва сезона тој го врати Купот во витрините на „Бернабеу“ по 17 години, со победата над најголемиот ривал Барселона во финалето одиграно во Валенсија.
Втората сезона за Мурињо можеби беше најдобра со освојување на Примера, во која стигна до бројката од неверојатни 100 бода. Клучен момент беше победата над Барселона на „Камп Ноу“ од 2-1.
Ова е трета сезона за португалецот, и третиот трофеј дојде уште на стартот со освојување на Суперкупот. За одбрана на титулата во домашното првенство постојат само теоретски шанси, но останува битката на уште два фронта каде Реал не е во најдобра позиција.
Прво следи реваншот од Купот на Кралот каде што ќе гостува во Барселона, на првиот меч четата на Мурињо се избори за реми.Потоа возвратниот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер на „Олд Трафорд“. Првиот дуел заврши без победник 1-1.