Некогашниот најдобар светски фудбалер Зинедин Зидан треба да им реферира на раководните луѓе во Реал Мадрид, дали клубот да одвои 55 милиони фунти за трансфер на играчот на Тотенхем Герет Бејл.
Зидан во четвртокот го следеше настапот на Бејл со Тотенхем против Олимпик во Лион на натпревар од Лига Европа. Бејл го одигра целиот меч, а неговиот Тотенхем извлече 1:1, доволно за пласман во следната фаза, највеќе поради двата гола на Бејл во првиот дуел.
Повеќе клубови се заинтересирани за услугите на 23-годишниот Велшанин, а дали Реал ќе успеа да го ангажира, меѓу другото ќе зависи и од стручните препораки на Зидан.
За Герет Бејл голем интерес покажува и Баерн Минхен.