Во првиот натпревар од 25.коло на Примера Дивизија, екипата на Атлетик Билбао беше непријатно изненадена од Сосиедад и доживеа пораз од 3:1 на домашен терен.
Домашните поведоа со голот на Ибаи Гомез во 30.минута. Гостите само четири минути подоцна изедначија преку Антони Гризман. Во 67.минута Сосиедад преку Иманол Агирте поведе со 2:1, а конечните 3:1 ги постави Карлос Вела во 76.минута.
На другите натпревари од ова коло играат: Мајорка – Хетафе, Сарагоса – Валенсија, Депортиво – Реал Мадрид и Барселона – Севиља (денеска), Рајо Ваљекано – Ваљадолид, Селта – Гранада, Атлетико Мадрид – Еспањол, Бетис – Малага (утре) и Леванте – Осасуна (понеделник).
Табела: Барселона 65 бодови, Атлетико Мадрид 53, Реал Мадрид 49, Малага 42, Реал Сосиедад 40, Валенсија 40,… зс/9:46