Финалето во ЛШ ќе биде најобезбедуваниот спортски настан во Шпанија

Од:

Претстојната битка меѓу Тотенхем и Ливерпул во саботата ангажира досега невидени ресурси за властите во Шпанија.

Мадридската полиција соопшти дека финалето на Лигата на шампионите ќе биде најобезбедуваниот спортски настан досега во земјата. Тој се смета за натпревар од висок ризик, и затоа 4.700 униформирани лица ќе бидат ангажирани за безбедноста на „Ванда Метрополитано“.

Одделно, ќе циркулираат голем број беспилотни летала, така што полициските службеници ќе имаат подобра видливост за да реагираат побрзо ако е потребно.

– Сакаме да му покажеме на целиот свет дека Шпанија е безбедна, но сепак гостопримлива земја, рече шефот на полицијата, Франциско Пардо.

Околу 40.000 англиски навивачи имаат билети за натпреварот, но уште 20-30.000 немаат, но ќе бидат во Мадрид. Од нив се очекува да го гледаат натпреварот во фанзоната и многуте локали, што сигурно ќе создаде работа за униформираните лица.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска