ДЗС: Од први до 10 јуни се очекуваат поројни дождови, надлежните да се подготват

Од:

Од први до десетти јуни се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд, а во попладневните часови може да бидат поројни, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување повикувајќи се на известување на Weather4all.mk.

Според најавите, велат од ДЗС, се очекува за кратко време да наврнат од 5-10л/м2, а за десет дена се очекуваат над 100л/м2 воден талог. Оваа состојба се предвидува да трае до 15 јуни, а поради најавени високи температури не се исклучени и форми на невреме проследени со силен ветер и град.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека ги известуваат сите Подрачни одделенија за заштита и спасување и Единиците на локалната самоуправа за потребата од превземање мерки и координирани активности во рамките на своите надлжности.
ДЗС апелира до надлежните навреме да се проверат шахтите и одводите на критичните точки во градовите низ земјава, како и главните одводни канали, со цел успешно превенирање од можноста за поплавување.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски