ВИДЕО: Гори дивата депонија кај Арачиново

Од:

Гори дивата депонија на стариот пат Скопје-Куманово, во делот на Арачиново. Најлонски кеси, остатоци од храна, градежен шут е само мал дел од отпадот расфрлен околу патот. Депонијата е на истата локација со години.

Во должина од речиси 1 километар е натрупан отпадот, кој од утрово е запален на неколку места. Од депонијата се шири неподнослива миризба, а ветерот го разнесува чадот.

Проблемот со депонијата се провлекува со години поради неконтролираното фрлање на комуналниот отпад. Пред неколку месеци жителите на Арачиново се жалеа дека стравуваат од заразни болести, како и опасност од појава на епидемија. Отпадот е исчистен само 500 метри после Арачиново.

Во изминатите месеци често гореа дивите депонии, за кои нема целосно и ефикасно решавање.

Би можело да ве интересира

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати

(ВИДЕО) Прогласена e вонредна состојба во Лос Анџелес по пожар во магацин