Средба на министерот Јанакиески со француската амбасадорка Оер

Од:

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска се сретна  со амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер, пред која ги претстави актуелните проекти на Владата во делот на патната инфраструктура и од останатите области.

– Јанакиески ја запозна амбасадорката Оер со приоритетните проекти за следната година, во рамки на кои се и проектите за изградба на систем за гасификација на Република Македонија, изготвувањето анализа за концесија дел од патниот Коридор 8 на делницата Гостивар – Кичево и активностите за модернизација на железничката инфраструктура, како и железничкото поврзување со Република Бугарија. Исто така, министерот Јанакиески потенцираше дека Владата и Министерството за транспорт и врски вложуваат напори за привлекување на што повеќе инвестиции во инфраструктурата, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Амбасадорката Оер изразила задоволство за соработката на двете држави, ја истакнал својата поддршка на земјава на патот кон евроатлантската интеграција, добивање средства од меѓународните финансиски институции и европските фондови. Изразила надеж дека трговско-економската соработка меѓу двете земји дополнително ќе се продлабочи во иднина.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска