„Охрид СОС“: Ново парапетче на Охридското Езеро додека Заев нема контрола врз државата

Од:

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ алармира за ново уништување на брегот на Охридското Езеро, овој пат во близина на црквата „Св. Недела“ во Радожда. Градежна механизација два дена го копа брегот на езерото, а Општина Струга нема објаснување за градежните работи.

„Се подготвува ново парапетче. Дека Зоран Заев како премиер нема никаква контрола брз државата, покажува и овој пример. Активностите се почнати дента кога е добиена одлуката од УНЕСКО. Владата, министерствата и институциите во извештајот што беше доставен до Комитетот за светско наследство ги претставија работите во позитивно светло. Состојбата на терен кажува нешто друго“, алармира „Охрид СОС“.

Граѓанската иницијатива ги повика надлежните институции да излезат на терен и да ги сопрат градежните активности.

„Бидејќи токму вчера министерот Садула Дураку изјави дека потребно е да се преземат секакви законски мерки за стопирање какви било незаконски дејства, ги повикуваме Министерството за животна средина и просторно планирање и надлежните инспектори од Општина Струга веднаш да дојдат на локацијата и да ги стопираат градежните активности. Во отсуство на план за управување со Охридскиот регион, со потенциран мораториум за градба, ова беше нотирано уште неколкупати во најновиот извештај – да запрат сите активности. Според локалните совесни жители, кои ни се јавија, досега ниедна институција не дошла на терен“, побара граѓанската иницијатива.

Градежна механизација два дена го копа брегот на езерото во близина на црквата „Св. Недела“ во Радожда

Ниту Општина Струга ниту Министерството за животна средина денес не е достапно за објаснување во врска со новата градба на брегот.

УНЕСКО пред два дена во најновиот извештај препорача да го стави природното и културното наследство на Охридскиот Регион на листата на загрозено светско наследство како резултат на недоволниот напредок за решавање на проблемите и земајќи ги предвид постојаните закани и големите инфраструктурни и развојни проекти, кои претставуваат потенцијална опасност.

Ваквата реакција доаѓа по низата платформи на кафетериите што се навлезени во езерото, најавите за градење на Галичица, хотелот во Лагадин, кој се гради на самиот брег, но и градбите во целиот регион, кој е заштитено богатство. Од УНЕСКО испорачаа низа барања до државата, а меѓу првите е да се прогласи мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро

Предраг Петровиќ

Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор

Маж од Неготино се удави во Охридското Езеро

Холанѓанец удрил во камен во Охридко езеро, пренесен е во болница

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

A1on