УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Од:

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната Сесија што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. На државата и е даден дополнителен рок од пет години за да ги спроведе препораките поврзани со заштитата на природното и културното наследство.

Со одлуката се дава можност државава да ги реализира мерките што УНЕСКО со години ги посочува како неопходни за зачувување на Статусот на Охридскиот Регион како светско културно и природно наследство.

Препораките на УНЕСКО за Охридскиот регион (природно и културно наследство) се однесуваат на мерки за зачувување на неговата „исклучителна универзална вредност“, меѓу кои запирање на неконтролираната урбанизација и нелегалната градба, подобро урбанистичко планирање, заштита на природните вредности на Охридското Езеро, подобро управување со регионот, заштита на културното наследство, ограничување на притисокот од туризмот, изготвување целосна Стратегија за управување со регионот со јасни цели, рокови, одговорни институции и механизми за следење на резултатите.

УНЕСКО повеќепати во извештаите нагласи дека проблемот е кумулативниот ефект од урбанизацијата, инфраструктурните проекти и недоволната контрола, што може да ја наруши универзалната вредност поради која Охридскиот Регион беше впишан на листата во 1979/1980 година.

Дел од експертите се на став дека впишувањето на Охридскиот Регион на Листата светски наследства во опасност е вистинскиот начин што ќе отвори повеќе можности државата, институциите, градот да добијат помош, искуства и механизми на Светската организација во наредните активности за надминување на проблемите што впрочем и доведоа до сегашната состојба.

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Левица: Владата доби пет години за уривање на дивоградбите – Охрид „се спаси“ од црната листа на УНЕСКО

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите