Се отвора патот за нова дозвола за излез од затвор на Куфодинас

Од:

Кривичниот оддел на Врховниот суд на Грција го прифати предлогот на обвинителката Ксени Димитриу за отфрлање на одлуката на Судот во градот Волос, со која беше одбиено барањето на еден од лидерите на терористичката организација „17 Ноември“, Димитрис Куфодинас да добие неколкудневна дозвола за излез од затвор, јави дописничката на МИА од Атина.

Со ова, се отвора патот за дозвола на Куфодинас и неговото барање одново ќе биде разгледано од надлежниот Суд во грчкиот град, каде што тој ја отслужува затворската казна.

Според грчките медиуми, Врховниот суд оценил дека и оние кои што се осудени на повеќе од една доживотна затворска казна имаат право да добиваат редовни дозволи за излез од затвор.

Куфодинас, кој е осуден на 11 доживотни затворски казни за убиства, на 2 мај започна штрајк со глад, откако не беа задоволени неговите барања за добивање седма неколкудневна дозвола за излез од затвор. Неколку дена подоцна, од здравствени причини тој беше пренесен в болница во грчкиот град Волос, каде што ја отслужува затворската казна, а сега е на одделот за интензивна нега поради влошеното здравје.

Анархистички групи и организации, меѓу кои и „Рубикон“, во изминатиот период извршија низа напади на партиски штабови, продавници, на резиденцијата на амбасадорот на САД во Атина, но и на грчкиот Парламент во знак на поддршка и солидарност со „мозокот“ на „17 Ноември“.

Според грчките медиуми, од 2 мај, денот кога Куфодинас започна штрајк со глад, до завчера, биле регистрирани 71 инцидент во Атина и 30 во останатите грчки градови, а за половина од нападите има преземање на одговорност.

За дозволата за неколкудневен излез на Куфодинас од затвор, членовите на „Рубикон“ го нападнаа со бои и пиротехнички материјали грчкиот Парламент, а еден нивни член беше уапсен.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески