По пет недели завршија парламентарните избори во Индија

Од:

Со спроведувањето на седмата фаза од гласањето, денеска, по пет недели, завршија парламентарните избори во Индија. Броењето на гласачките ливчиња ќе почне в четврток, за кога се очекува објавувањето и на првичните изборни резултати.

Излезните анкети од гласањето посочуваат на победа на блокот на владејачката националистичка Индиска народна партија (БЈП) на премиерот Нарендра Моди.

Според овие предвидување, БЈП и нејзините коалициски партнери ќе освојат меѓу 287 и 305 места во 543-члениот Парламент, што е повеќе од неопходните 272 мандати за парламентарно мнозинство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати