Милан може доброволно да прифати една година без фудбал во Европа

Од:

Раководството на Милан ќе се обиде да склучи атипичен договор со УЕФА за неговите прекршувања вооднос на финансискиот фер-плеј. Клубот од Милано ќе прифати вадење од евротурнирите за период од 1 години, но под услов ако не успее да се пласира во Лигата на Шампионите.

„Росонерите“ првично беа исклучени од турнирите под покровителство на УЕФА за сезоната 2018/2019, но поднесоа жалба пред спортскиот арбитражен суд (КАС) во Лозана и во последен момент добија позитивен одговор. Сепак, нивното учество во Лигата на Европа заврши несреќно со елиминација во групната фаза.

Според последната одлука на УЕФА, Милан доби парична казна во износ од 12 милиони евра, ограничена група од 21 играчи за европските натпреварувања и исклучување од турнирите на УЕФА за период од 1 година, ако финансиите не бидат балансирани до 2021 година. Милан не верува дека тие можат да го постигнат последното во рамките на утврдениот рок.

Досега, клубот се воздржуваше од жалба на оваа одлука до КАС, и веројатно има план што го оправдува таквото однесување. Додека сега над Манчестер Сити е надвисната заканата да ја сподели судбината на Милан како знак, дека УЕФА ќе ги применува правилата и за поголемите клубови, од Милан се одлучиле на друга стратегија.

„Кориере дело спорт“ тврди дека ако „росонерите“ не се пласираат во Лигата на Шампионите со пласман во топ 4 во Серија „А“, тимот ќе прифати 1-годишна казна како дел од договорот со УЕФА. „Росонерите“ немаат интерес да играат повторно во Лига Европа, за да можат да ги концентрираат сите свои напори и ресурси да се пласираат во ЛШ во сезоната, во кој ќе тече нивната казна.

Би можело да ве интересира

УЕФА го зголеми фондот за клубовите кои не играат во европските натпреварувања

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска