ФОТО: Северна Кореја одобри 18 фризури за жени и 10 за мажи

Од:

Владата на Северна Кореја објави список на 18 фризури кои се дозволени во земјата, со што намерата е да се одвратат севернокорејките од имитирањето на Западот.

Иако колекцијата од 18 фризури ги ограничува во изборот, за жените во Северна Кореја изборот е всушност уште потесен. Додека девојките можат да носат шишки, плетенки и шноли во косата, на жените кои се во брак им се препорачува пократка коса.

Строгите правила се однесуваат и на мажите, кои мораат да имаат кратко коса и средени бакенбарди. Потстрижувањето е задолжително на секои 15 дена, а должината на влакното не смее да биде поголема од пет сантиметри.

315943_koreja-01-ap_ff

Посакуваниот изглед е промовиран во емисија која беше емитувана во Северна Кореја уште во 2005 година. Продуцентите на емисијата со скриени камери „ловеа“ бунтовници по улиците на Северна Кореја чија фризура не соодветствуваше со препораките. Потоа нивните имиња јавно се објавуваа за да ги изложат на потсмев. Емисијата нудеше и сомнителни научни докази дека долгата коса „ја одзема енергијата од мозокот“.

281121_ri-solju-afp_ff

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња