Анкета: Нова демократија со предност од 7,6 отсто пред СИРИЗА

Од:

Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија има предност во популарноста од 7,6 отсто пред владејачката СИРИЗА, покажуваат резултатите од новото истражување на јавното мислење. спроведено од агенцијата за рејтинг МАРЦ за грчката телевизија Антена.

Според анкетата, на претстојните избори за Европскиот парламент, закажани за 26 мај, за Нова демократија би гласале 29,3 отсто од испитаниците, а за СИРИЗА со 21,7 проценти. Потоа следуваат Движењето на промена со 6,3 отсто, Златна зора со шест проценти и Комунистичката партија на Грција (ККЕ) со 5,1 отсто поддршка. Останатите партии имаат поддршка од под три проценти.

Во однос на последниот пакет владини позитивни мерки, шест од 10 Грци оценува дека тие „не се толку важни“ или „воопшто не се важни”, додека 36,9 проценти смета дека се „многу или доста важни“.

На прашањето дали СИРИЗА или Нова демократија е подобра за економската ситуација на домаќинството, 40,2 проценти се изјасниле за влада на Нова демократија на чело со Кирјакос Мицотакис, а 27,9 отсто за влада на СИРИЗА предводена од Алексис Ципрас.

Истражувањето на агенцијата за рејтинг МАРЦ за грчката телевизија Антена било спроведено од 10 до 14 мај и со него биле опфатени 1.292 лица.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески