А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Uncategorized

Пратеници од Нова демократија бараат одговор за обвинувањата за руско мешање во Грција

by А1он16/05/2019 - 16:09189
Share0

Пратеници на опозициската партија Нова демократија доставија пратеничко прашање до шефот на грчката дипломатија во врска со „јавните споменувања околу руска вмешаност во внатрешните случувања во Грција и сериозните меѓусебни обвинувања меѓу поранешните министри за надворешни работи и одбрана”, Никос Коѕијас и Панос Каменос.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во пратеничкото прашање пренесен е ставот на лидерот на партијата Независни Грци, Каменос, од 19 април, кога тој во Парламентот, како што наведува НД, „тврдеше дека Коѕијас во периодот додека беше министер за надворешни работи насочуваше процеси за конкретна компанија да го преземе издавањето визи, паралелно презентирајќи електронска пресметка преку мејлови меѓу дипломати”.

Во продолжение ја споменуваат изјавата на Коѕијас дека „пораките доставени од Каменос немаат врска со серверот на Министерството”.

– Тој додаде дека мејловите потекнуваат од американски сервер и според тоа следењето би можело да биде само од хакери на грчката Национална разузнавачка служба, на Русите или на Кинезите. По изјавите на господинот Коѕијас на 13 мај, Руската амбасада го повика да ги презентира податоците, истакнувајќи дека во спротивно „би било добро да се избегнуваат нови обвинувања околу руска вмешаност во внатрешните работи на Грција”, пишува во пратеничкото прашање од Нова демократија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Пратениците од опозициската партија, го прашуваат шефот на грчката дипломатија дали се преземени чекори за проверка на она што го тврдеше Коѕијас и која е вистинската содржина на овој случај.

Одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, кој воедно е еден од пратениците кои го потпишаа пратеничкото прашање, вели дека ваквите игри „ја изложуваат земјата на меѓународно ниво, покренуваат прашања и загриженост кај граѓаните”.

– Доколку се точни обвинувањата, станува збор за многу сериозен случај за кој ќе треба, не само да се истражат сите димензии, туку и да се наметнат неопходни санкции. Доколку не е точно, несфатливо е Владата да дозволи дегенерација на политичкиот живот на земјата во лоша имитација на Џон Ле Каре, за да им служи на лични агенди и да цели кон политичко преживување, вели Кумуцакос.

grcijarusija

Би можело да ве интересира

Повредени се најмалку пет лица во рускиот напад врз Павлоград

Горан Наумовски11/06/2026 - 14:25

Украина започна напади врз Русија – Москва е на удар

Горан Наумовски10/06/2026 - 14:33

Медведев: Русија може да се справи со најголемите предизвици

Горан Наумовски10/06/2026 - 07:06

Има мртви и ранети во рускиот напад врз регионот Харков

Горан Наумовски09/06/2026 - 15:04

Галузин: Подготвени сме да употребиме нуклеарно оружје

Горан Наумовски09/06/2026 - 15:04

Зеленски: Не сме биле во подобра ситуација, Русија е изолирана и сама

Горан Наумовски09/06/2026 - 10:5409/06/2026 - 11:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто