Трамп: Произведувајте во САД, за да ги избегнете кинеските царини

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика денеска компаниите во земјата да произведуваат во САД, а не да увезуваат од Кина, со цел да го избегнат зголемувањето на царините за кинеската стока.

– Кој е најпростиот начин да се избегнат царините? Треба да произведуваме наши стоки во добрата, стара Америка. Многу е лесно!, напиша Трамп на Твитер.

Американските власти вчера ги зголемија царините врз кинескиот увоз за 200 милијарди долари од 10 на 25 проценти.

Можно е мерката да ги погоди американските компании и потрошувачи повеќе отколку кинеските производители. Невладина организација оцени дека вчерашниот раст на царините ќе ги зголеми годишните трошоци на едно четиричлено американско семејство за 767 долари.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија