Непотизам имало, ама одговорност нема, ДКСК затвора застарени предмети

Од:

Антикорупциската комисија на денешната седница затвори повеќе предмети за кои утврди дека имало непотизам и судир на интереси кај дел од поранешните функционери, но бидејќи предметите се застарени Комисијата нема надлежност да постапува.

Меѓу предметите кои ги затворија и архивираа денеска, имаше четири поврзани со екс-градоначалникот на Лозово, Орце Цветковски кои во 2009-та и 2013-та, кога бил избран за градоначалник, влијаел при вработувањето на своите внуци и братучеди во државни претпријатија и институции.

Од ДКСК објаснија дека не може да постапуваат затоа што предметите застаруваат во рок од три години, но во иднина како што образложи претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, ќе предложат законски измени.

Претходно, Антикорупциска затвори неколку предмети поврзани со пратеникот Антонијо Милошоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, екс-генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, екс-претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева и други функционери од претходната власт.

За нив ДКСК утврди дека влијаеле при вработувањето на своите блиски, од креирање работни места до затајување документи и неисполнети услови за вработување, но предметите ги затвори со истото образложение, случаите се застарени, а функционерите се сменети.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ДКСК: Работиме според законските надлежности, борбата против корупцијата останува непроменета

Горан Наумовски

Андоновски: Ова фрла дамка на ДКСК, но се надевам дека останатите членови успешно ќе продолжат да работат

Левица: Каков имот кријат функционерите на ДПМНЕ и зошто ДКСК не реагира

Предраг Петровиќ

Левица: Антикорупционерот Димитровска, избрана со максимум бодови од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – го олицетвори трулиот систем

Кривичен одлучи: Мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК осомничена во предметот „Адитив“

Oбвинителството бара мерки за претседателката на ДКСК во рамки на предметот „Адитив“