Истражување: Канабисот го зголемува сексуалното задоволство кај жените

Од:

Жените кои користеле канабис непосредно пред секс имале зголемено либидо и подобри оргазми, покажа неодамна спроведено истражување, објавено во списанието „Секшуал Медесин“.

Студијата покажала дека жените кои користеле марихуана пред секс двојно повеќе имале интензивни оргазми во однос на оние кои не користеле канабис. Исто така, жените кои редовно земаат марихуана имаат двојно поголема шанса за подобар оргазам во однос на оние кои само повремено користат.

Со студијата биле опфатени 373 жени во медицинскиот центар во Сент Луис. Вкупно 127 жени или 34 отсто пријавиле дека користеле марихуана пред сексуалните активности. Сепак, истражувачите посочуваат дека се уште не е спроведен адекватен број истражувања кои би го разгледувале влијанието на марихуаната на сексуалното здравје и покрај фактот што канабисот дејствува на канабиноидниот рецептор во мозокот кој непосредно е поврзан со сексуалната функција. Студијата, спроведена под водство на доктор Беки Лин од Медицинскиот факултет во Сент Луис, се фокусирала на врската меѓу канабисот и задоволството на жената од нивниот сексуален живот, сексуален нагон, оргазми и болка за време на односите. Вкупно 197 жени опфатени со студијата, или 52 отсто, воопшто не користеле канабис. Преостанатите 49 жени или 13 отсто, користеле марихуана, но не го направиле тоа пред секс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицаец јавно се посрамоти, имал секс со љубовницата во службениот автомобил

А1он

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска