Роналдо: Зошто да не станам тренер по крајот на кариерата?

Од:

Кристијано Роналдо даде интересно интервју за „Ел Паис“, во кое ги откри своите впечатоци од првата година во дресот на Јувентус.

Португалската ѕвезда не ја отфрли можноста да се фокусира на тренерската професија, откако ќе стави крај на активната кариера.

– Јас секогаш пристапувам на работата на ист начин. Треба да бидеш смирен и да запомниш, дека не знаеш сè. Ако си паметен, можеш да учиш мали нешта, што те прават подобар како спортист. Јас се адаптирав одлично на Јувентус, изјави Португалецот.

Иако започна неколку деловни проекти, Роналдо не ја исклучува можноста да стане тренер.

„Зошто да не станам тренер кога ќе завршам со фудбал?“, додаде освојувачот на пет „Златни топки“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски