Бомбардирани училишта и болници во Сирија

Од:

Училишта, медицински објекти и станбени подрачја во северозападниот дел на Сирија, што е под контрола на бунтовниците, погодени се од најжестоко бомбардирање со барел бомби во последните 15 месеци, изјави регионалниот хуманитарен координатор на Обединети нации Панос Мумцис.

Руските и сириските сили ги интензивираа воздушните напади и го гранатираа северозападниот регион во текот на ноќта. Тоа е најголем напад откако е прогласена демилитаризирана зона во рамките на руско-турскиот договор.

Барел се импровизирани бомби кои често се опишуваат како летечки импровизирани експлозивни направи. Тие обично се направени од голем метален контејнер исполнет со експлозив, но и шрапнели, масло или хемикалии и се фрлаат од хеликоптер или авион. Барел бомбите не се прецизни, а според меѓународните конвенции се и нелегални.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија