Како да го натерате детето да се движи повеќе?

Од:

Главен проблем на родителите околу децата денес, е тоа дека тие голем дел од своето слободно време го минуваат пред компјутерите, а поради тоа не се движат, не спортуваат, па сè тоа води кон здравствени проблеми на подолг рок.

Како тоа да се промени? Не може да очекувате детето да го сака спортот, ако вие самите не му дадете пример. Да речеме, запишете се заедно на тенис (со синот), или на јога или гимнастика (доколку имате ќерка). Рекреирајте се и дома заедно со детето.

Тоа треба да претставува, пред сè, забава. Покажете му дека покрај дисциплината, спортот и движењето може и да се извонредно интересни. Организирајте танцувачки маратон дома, скокајте на јаже или одиграјте партија кошарка, а сè тоа зачинето со шеги, досетки, креативност и иновативност.

Кучето е, исто така, огромна мотивација за долги прошетки надвор или до паркот.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он