Пендаровски и Заев од Кочани: Не ни треба нов Иванов, нови блокади и кочење

Од:

Стево Пендаровски и Зоран Заев, на трибина со жителите на Кочани повикаа на масовна излезност на 5 мај и поддршка за бројот 3, за да продолжи државата да се движи во вистинскиот правец, кон ЕУ и НАТО, кон сигурна иднина, кон благосостојба и просперитет, нови инвестиции, повеќе пари и отворање нови работни места.

Заев и Пендаровски им го честитаа на сите Први мај – Меѓународниот ден на трудот.

Имаме, рекоа, трудољубив народ со кој се гордееме и кој сака да живее во својата земја и да ја гледаат како напредува, како оди напред.

„Ако гласате за бр 3 имате гаранција дека  продолжуваме по вистинскиот пат на напредокот. Другата страна сака да не враќа назад кога имаше само еден газда,  Никола Груевски, режим. Со гласањето фактички кажувате дека никогаш повеќе фамилијата нема да се врати назад,  поради злото кое го направија да им кажеме дека е доста. На 5 мај да покажеме дека Македонија заслужува поинаков претседател од досегашниот. Не ни треба нов Иванов, нови блокади и кочење. Со гласањето за концептот што го предводам и за бројот 3, конечно  ќе имаме претседател од кој нема да се срамите.

Јавно  ветувам се што е за доброто  на народот ќе ја добие мојата поддршка. Секоја чест за сите партии кои ме поддржаа, и на пратениците, но мене најважен ќе ми биде интересот на граѓаните. Одиме заедно напред“, рече Пендаровски.

Зоран Заев ги повика сите на 5 мај да гласаат  за вистинскиот претседател кој ќе води напред, а тоа е Стево Пендаровски.

Потсети дека за изминатиот период платите се зголемени за 8,1 процент, 10.700 стечајни работници добиваат стечаен надоместок, радио дифузната такса ја нема, воведена е евтината тарифа, минималната плата е зголемена и се преговара за ново зголемување.

Пендаровски како претседател ќе ги потпише законите за социјална пензија, повисок детски додаток и социјална помош, што е директно во интерес на граѓаните.

На 5 мај, рече Заев, имаме обврска за државата, ако другата страна добие шанса се враќа режим, се враќа Груевски, кој ја опљачка државата. Ги повика сите да дадат поддршка  иако има и разочарани кои ја испратија јасната порака.

„Тргнаа работите напред. Ја зголемивме минималната плата, преговараме за ново зголемување, да дојдеме во јуни до 13 илјади денари минимална плата. Платите растат, а растат и пензиите. Просечната пензија е зголемена за над 826 денари. Расте индустриското производство, економијата, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните. На вистинскиот пат сме. Напредокот носи подобар живот за сите, многу е важно да продолжиме по овој пат. Затоа, на 5-ти мај масовно да излеземе и да одбереме напредок. Со Стево, да продолжиме заедно напред “, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети