Најстуденото село на светот во рекорден минус

Од:

Во руското село Ојмјакон температурите се спуштаат и до минус 71 степен. Доколку сакаат да користат автомобил, жителите мораат по цел ден да ги држат вклучени мотори, затоа што во спротивност не можат повторно да ги вклучат. На мобилни телефони ни не помислуваат и дури да има мрежа, апаратите на ваква температура не би можеле да функционираат.

Во руското село Ојмјакон кое носи титула на најстудено трајно населено место во светот, оваа зима е уште постудено од вообичаеното. А „обично“ во случајот на Ојмјакон е релативен поим: во ова ледена населба температурите понекогаш се спушта и до минус 71, додека просечната температура во јануари изнесува минус 50 степени.

Во ова место авионите во зима не можат да слетаат, а бидејќи ништо од намирници не успева, исхраната на локалното население се состои од месо на ирваси и коњи, со чие одгледување воглавно и се занимаваат, како и рибите кои ги ловат низ дупките во мразот.

Тука е и продавница во која можат да се набават основни потребштини, но и покрај едноличната исхрана главно се здрави, затоа што млекото на стоката кои ја чуваат содржи многу вредни минерали и витамини.

Поголем број на куќи се греат и на јаглен и на дрва, а ако снема јаглен, на дрва преминува и локална електрана.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски