Одбојкарките на Работнички од Скопје го освоија Купот. Во финалето во Струмица ја совладаа екипата на Наковски Волеј со 3:1, по сетови 25:18, 25:21, 16:25 и 25:17.
Откако лесно ги осоија првиот и вториот сет, во третиот струмичанки со добра игра успееја да ги вратат надежите за пресврт. Но, во четвртиот сет, кога се играше изедначено до резултат 10:10, одбојкарките на Работнички поведоа со 16:10 за да успеат да го добијат со 25:17.
Пехарите и медалите на финалистите им ги врачија претседателот на Одвојкарската федерација Петар Јовановски, претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и Ивица Хаџи Иљоски-Чајка.