Невообичаен раст на тензии меѓу Кина и Франција во Тајванскиот Теснец

Од:

Кинеското Министерство за одбрана вчера испрати протестна нота до Париз во која се наведува дека фрегатата за набљудување „Вендемиер“ „илегално поминувала“ низ Тајванскиот Теснец при што навлезе во кинеските територијални води, јави дописникот на МИА.

Кинеската армија испрати воени бродови во согласност со законот, за да го идентификува францускиот брод и да му нареди да замине, изјави портпаролот Рен Гуокианг.

Тој додаде дека инцидентот се случил на 6 април.

– Ние сме во близок контакт со кинеските власти за инцидентот споменат од страна на портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, реагираше вчера француската министерка за одбрана Флоранс Парли, додавајќи оти „француската морнарица транзитира просечно еднаш годишно низ Тајванскиот Теснец без инциденти или реакции“.

Таа одби да ја одреди точната точката на преминување на „Вендемиер“, при тоа истакнувајќи оти фрегатата транзитирала во меѓународни води.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски