Барселона причина „Сан Сиро“ првпат сезонава да биде полн

Од:

За првпат сезонава стадионот „Сан Сиро“ во Милано е целосно распродаден, а „виновник“ за тоа е шпанскиот фудбалски гигант Барселона која вечерва во осминафиналето од Лигата на шампионите му гостува на Милан.

Домаќините се во одлична резултатска серија со која значително напредуваа во Серија А, а за да продолжат со добрите резултати ќе треба да ги сопрат најдобриот светски фудбалер Лионел Меси и неговите соиграчи.

Најголем проблем за тренерот на Милан Алегри е неможноста да смета на услугите на Марио Балотели кој нема право на настап за „миланезите“ сезонава во ова натпреварување, бидејќи веќе во есенскиот дел играше за Манчестер Сити.

Со совети до Алегри во вечерашниот спектакл се вклучи и сопственикот на Милан, Силвио Берлускони.

– Му реков на Алегри дека Меси мора да добие „фластер“ и да не му даде да дише цел натпревар. Тоа е единствениот начин да извлечеме позитивен резултат, изјави Берлускони.

Иако гостите од Каталонија во овој дуел според фудбалските аналитичари влегуваат како големи фаворити, од таборот на „росо-нерите“ најавуваат голема борба и неизвесност за вкупниот победник до самиот крај на двомечот.

Овие две екипи минатата сезона одиграа четири меѓусебни натпревари. Во групната фаза во Барселона беше 2:2, а во Милано 2:3. Во четвртфиналето Барса го елиминира Милан по 3:1 во Барселона и 0:0 на „Сан Сиро“.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска