Екипата на Порто успеа да дојде до минимална, но многу значајна предност против екипата на Малага, во пресрет на реваншот во Шпанија.
Португалскиот тим доминираше во поголемиот дел од мечот, и упати голем број удари кон противничкиот гол, кои сепак не претставуваа закана по голот на Малага. Сепак, заслужен триумф на Порто, кој може да им биде од голема помош, во реваншот од овој двобој.
Стрелец на единствениот погодок на овој меч беше Жоао Мутињо, кој постигна гол кој им дава сериозна надеж на Португалците, дека можат да поминат во четрвт-финалето, и да го „преживеат“ возвратниот дуел во Малага.