Германскиот напаѓач на Арсенал, Лукас Подолски верува дека неговиот поранешен клуб Баерн претставува тешка задача за „Топџиите“.
Подолски признава дека минхенскиот Баерн е фаворит во двобојот против Арсенал, но верува дека неговиот тим е спремен да ги помрси сметките на баварскиот гигант. Подолски три сезони го носеше дресот на Баерн.
„Баерн е фаворит, во тоа нема никакви сомневања. Ние имаме одредена шанса во два натпревари да избориме пласман во наредната фаза. Бидете сигурни дека нема само да седиме и да го гледаме како Баерн игра“- изјави Подолски.