Почетино: Моите играчи се херои!

Од:

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино беше на седмо небо од радост по драматичниот натпревар против Манчестер Сити. „Петлите“ загубија со 3:4, но благодарение на повеќето голови на гостински терен се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе се сретнат со Ајакс.

– Тоа беше неверојатен натпревар! И каков завршеток! Многу сум среќен и се гордеам со играчите. Тие се херои! Мило ми е и за нив, и за нашите навивачи, изјави возбудено Почетино во првите минути по дуелот.

Според него, Тотенхем покажал карактер и волја во еден навистина незаборавен натпревар.

– Во еден момент во твојата глава се вртат секакви мисли и си бескрајно разочаран, но потоа едно решение менува се. Затоа го сакаме фудбалот, додаде Аргентинецот.

Лондонскиот тим не играл во полуфиналето на најпрестижниот клубски турнир во последниве 57 години. Првиот натпревар со Ајакс е на 30 април, а реваншот на 7-ми мај.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска