МЗТ на победа од пласман во АБА лигата

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево, како гости го совладаа Задар со 89-83 и поведоа со 1-0 во бараж-серијата за настап во АБА-лигата која се игра до две победи.

Аеродромци беа одлични во нападот во првото полувреме, откако постигнаа дури 57 поени, шутот за три поени им функционираше беспрекорно (седум тројки), а во одбраната беа максимално борбени што резултира со голем број украдени топки.
„Сино-белите“ за првпат да ја минаат границата од плус 20 веќе во 14 минута од средбата (44-24). Во ист стил продолжија и во третиот период, во кој тимот од Аеродром дојде и до највисока предност од 25 поени (72-47).

Потоа следеше период во кој тренерот на македонскиот тим мораше малку да ги одмори носителите на играта, што домаќинот делумно го искористи и со серија 22-9 ја намали негативата на само – 12 поени (69-81) точно на средина од последната четвртина.

До крајот задрани тргнаа на сѐ или ништо, погодија неколку тешки тројки и сериозно се доближија до МЗТ Скопје, чии кошаркари, сепак, успеаја да го издржат крајниот налет и дома да си заминат со голема победа.

Андрија Бојиќ со 24 поени и 8 скока беше најдобар во составот на „металците“, Џејмс Вудард постигна 22 поени, а Иванов средбата ја заврши со 19.

Следниот меч од серијата е закажана за следниот вторник во Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Обрадовиќ збесна и удри човек, многумина не го видоа тоа во преносот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жестоко во „Пионир“: Навивачите направија хаос, натпреварот Црвена Звезда-Партизан доцнеше

ВИДЕО: Лесор суспендиран на три натпревари поради физички напад

ВИДЕО: Се пресметаа навивачите на Црвена Звезда и Будуќност на трибините во „Морача“

ВИДЕО: Убедлив пораз на МЗТ Скопје од Будуќност

ВИДЕО: Инцидент на мечот Будуќност-Мега, Американецот Рид исклучен поради брутален напад

Жарко Настоски