Турски авиони Ф-16 го нарушија грчкиот воздушен простор

Од:

Два турски воени авиона Ф-16 денеска навлегоа во грчкиот воздушен простор, летајќи над карпестиот ненаселен остров Мавра во Егејско Море, објавија грчките медиуми, оценувајќи дека станува збор за нова провокација од Турција.

Турските воени авиони биле откриени и веднаш пресретнати од грчки воени авиони, согласно меѓународните правила.

Според истите информации, грчкото воено воздухопловство во текот на вчерашниот ден регистрирало вкупно 43 нарушувања на грчкиот воздушен простор во Егејско Море од осум турски воени авиони.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он