Екипите на Барселона и на Ајакс изборија учество во полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони по победите над своите ривали во реваншите од четвртфиналната фаза.
Барселона по втор пат го совлада Манчестер јунајтед, овој пат со 3:0 и со вкупни 5:0 оди во следната рунда. Стрелци на головите на дуелот одигран на „Олд Трафорд“ беа Лионел Меси (два) и Кутињо.
На вториот синоќешен натпревар во елитното натпреварување, Ајакс приреди сензација со елиминацијата на Јувентус. По ремито во Амстердам (1:1), во реваншот холандскиот тим победи со 2:1 и се пласира меѓу четирите најдобри.
Вечер играат:
Манчестер сити – Тотенхем (0:1 прв натпревар)
Порто – Ливерпул (0:2).