Полицијата забрани антимуслимански протест во имигрантскиот дел на Копенхаген

Од:

Данската полиција денеска забрани и втор антимуслимански протест во длеот на Копенхаген, во кој ќивеат голем дел имигранти, а со цел да се избегнат евентуални немири.

Данската полиција соопшти дека истражува предмет налик на рачна граната, кој го пронашле на плоштадот каде екстремниот десничар Расмус Палудан планирал да одржи протест.

Полицијата и вчера откажа слични демонстрации во предградие на Копенхаген, но противниците на демонстрациите потоа ги запалија контејнерите за отпад, а полицијата мораше да користи солзавец за да ги растера. Поради насилствата приведени се 23 лица.

Немирите почнаа во неделата, откако Палудан, адвокат кој во изминатиот период одржа десетици анти-муслимански протести ширум Данска, при што тој неколкупати фо фрлаше во воздух Куранот пред насобраниот народ.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ