е повеќе и повеќе има докази за „проклетството на Дрејк“ и италијанскиот клуб Рома ги презеде неопходните мерки. За оние кои не се запознаени – секој спортист кој ќе си направи слика со раперот, следува огромен пад во неговата лична игра, или во онаа на неговиот тим.
Поради оваа причина, раководството на „волците“ им забрани на играчите да се фотографираат со канадскиот изведувач до крајот на сезоната.
Само оваа година поради Дрејк „настрадаа“ Пјер Емерик Обамејанг и Арсенал, Џејдан Санчо и Борусија Дортмунд, Серхио Агуеро и Манчестер Сити, Пол Погба и Манчестер Јунајтед и многу други.
Последната „жртва“ на Дрејк беше Левин Курзава. Ѕвездата на ПСЖ се фотографираше со раперот, а потоа излезе на теренот против Лил. Парижаните загубија со 5:1 – најголем пораз на клубот по речиси 20 години.