Зоран Заев и Стево Пендаровски се вистинскиот проблем за Македонија. Со нив државата две години реди само неуспеси.
Заев и Пендаровски се срамат да кажат дека Македонците кои живеат во Грција зборуваат македонски јазик, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Заев и Пендаровски, велат од таму, се срамат од македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“. Страв им е да се чуе дека Македонците се борат за своите правдини. Тие се синоним за политичари без кичма. Тие се класична копија на слугите од македонските народни приказни кои понизно и со наведната глава прифаќаат се.
“Се што ветија Зоран Заев и Стево Пендаровски излажаа. Ги излажаа родителите на убиените кај Смилковско езеро. Додека тие плачат, убијците се шетаат на слобода. Излажаа и за Никола Младенов. Си играа со чувствата на граѓаните.
Ги манипулираа граѓаните само за да дојдат на власт, не мислејќи на последиците.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев и Пендаровски,посочува ВМРО-ДПМНЕ, излажаа и дека во јуни ќе почнеме преговори. Сега кога веќе е очигледно дека нема да добиеме, сам Заев призна дека не му рекле дека ќе добиеме во јуни, туку дека можеби ќе добиеме. Ова е срамно и недозволиво.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат – Премиерот призна лажел, а за тоа нема последици. Лагите и криминалот мора да запрат. Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Македонија има потреба од чесен и искрен претседател, кој ќе работи за државата и граѓаните. Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за Македонија. Правда за Македонија. Татковината повикува.