Зоран Заев и Стево Пендаровски продолжуваат да ги лажат граѓаните, овој пат го пуштиле Љупчо Николовски да ги лаже земјоделците и другите граѓани на Пробиштип, реагира ВМРО-ДПМНЕ по вчерашното обраќање на Николовски во Прбиштип.
Николовски две години ги лаже земјоделците. Две години нема откуп, а кога има откупните цени се катастрофално ниски. Николовски наместо да оди по партиски настани и да го промовира Пендаровски треба да ги засука ракавите и да испорача барем половина од тоа што го ветија на земјоделците, е наведено во реакцијата.
“Нема зелена нафта, нема зголемени субвенции, нема повисоки откупни цени. Нема ништо од тоа што беше ветено. Земјоделците како никогаш до сега го фрлаа својот род на буниште, сечеа родни дрва и дел од родот им скапуваше на ниво само затоа што откуп немаше. Заев и Пендаровски пред две години ветуваа се и сешто, за сега да нема ништо од тоа. Земјоделието е во хаос и тоа не можат да го решат ниту Заев, ниту Пендаровски, ниту Николовски. СДСМ не е решение за земјоделието. СДСМ е проблемот за земјоделието”, смета ВМРО-ДПМНЕ.