[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Кумановската полиција приведе 23 ловци од Липково, затоа што ловеле заштитен дивеч, срна.
Ловците од ловечкото друштво „Шќипоња“, вчера попладне се приведени, бидејќи се под сомнение дека вршеле незаконит лов.
Во возилото во кое се превезувал претседателот на друштвото, Д.Е(50) од Липково, пронајдена е убиена срна исечкана на парчиња, а ловењето срни е забрането со закон.
Против сторителите полицијата ќе поднесе кривична пријава, за незаконит лов.