СЗО стравува од ширење на заразни болести во Либија

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека стравува од ширење на заразни болести во Либија, поради се поголемиот број на лица кои ги напуштаат своите домови, бегајќи од борбите во околината на Триполи.

СЗО информира дека испратила комплети со прва помош и лекови за повеќе болници и здравствени установи во Либија, кои би требало да бидат доволни за следните две недели.

Претставникот на СЗО во Либија, Сајед Џафар Хусаин соопшти дека во борбите во оваа северноафриканска во текот на изминатава недела загинале 75 лица, а 323 други биле ранети.

– Досега поради борбите побегнаа околу 6.000 лица, но СЗО има планови за вонредна состојба, доколку се раселат илјадници или стотици илјади лица, изјави Хусаин.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа