ЕУ под истрага за софтверите на Мајкрософт

Од:

Европската служба за заштита на податоци (ЕДПС) отвори истрага за софтверите на Мајкрософт што се користат во европските институции со цел да се провери дека овие производи ги почитуваат европските закони за заштита на личните податоци, јави дописничката на МИА од Брисел.

Откако на сила стапи новото европско законодавство за заштита на личните податоци, ЕДПС има обврска да гарантира дека сите информатички производи се согласно законите. ЕДПС е еквивалент на ЕУ ниво на националните власти за заштита на личните информации.

-Кога се потпираат на трети страни за вршење услуги, институциите на ЕУ мора да положат сметка за секое процесирање на податоци од нивна страна, тие имаат и обврска да се осигурат дека сите договори ги почитуваат новите правила и да ги ублажат ризиците, изјави Војчех Виевороски од ЕДПС.

Европските институции секојдневно користат низа производи на Мајкрософт во својата работа, која вклучува употреба и процесирање на лични податоци, без разлика дали се тоа податоците на вработените во институциите или трети страни кои соработуваат со институциите, како на пример новинари кои поднеле барање за пристап до информации.

Со стапувањето на сила минатата година на новите правила за заштита на податоците, во неколку земји членки се отворија слични истраги, како на пример во холандското Министерство за правда.

Во Холандија, постои загриженост за процесирањето на информациите преку Мајкрософт ПроПлус кое го вклучува и Мајкрософт Ворд.

Производите на Мајкрософт се најкористени во сите институции на ЕУ.

Истрагата ќе трае неколку недели или месеци, велат за МИА од ЕДПС.

-Ќе провериме дека законот се почитува, во спротивно можно е да поднесеме барања за усогласување во зависност од сериозноста на утврдениот проблем, додаваат оттаму за МИА.

Засега од ЕДПС не шпекулираат кој би можел да биде исходот од истрагата.

Би можело да ве интересира

Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија

Ана Ололовска

Мајкрософт планира да отпушти илјада вработени

А1он

Гугл прекинува со рекламите во Русија, Мајксрофот со услугите и производите

А1он

Мајкрософт купува компанија за игри за речиси 70 милијарди долари

А1он

Мајкрософт го затвори Линкедин во Кина

Катерина Ѓуровски

Гугл, Фејсбук и Мајкрософт трошат најмногу за лобирање за политиките на ЕУ за дигитална економија

А1он