Давидовиќ: Иванов може да ги помилува осудените за 27 април

Од:

Претседателот во заминување, Ѓорге Иванов, може да ги помилува осудените за случајот од 27 април, тврди адвокатот Ѕвонко Давидовиќ за „А1он“. Според него, Иванов има дискреционо право да даде аболиција, како што тоа веќе го направил претходно. Давидовиќ потврди дека неговите клиенти Александар Василевски – Нинџа, кој бил соработник во УБК, и началникот од МВР, Душко Лазаров, испратиле писмо до Иванов, во кое посочиле дека Законот за амнестијата, со кој од вина се ослободени некои од обвинетите, е селективен и пристрасен.

„Тој може да аболира како што направи претходно за непочнати предмети. А дали ќе го направи тоа, не можам да претпоставувам. Во овој случај, од почитички причини и потреби, Законот за амнестијата е применет нееднакво. Претседателот Иванов во сите свои обраќања кажува дека е за почитување на законите и Уставот, па еве му шанса да докаже дека сите треба да бидат еднакви пред законот“, вели Давидовиќ.

Адвокатот посочи дека Иванов има право да донесе одлука за помилување, а со тоа да го запре издржувањето на казните за сите што се осудени за случајот од 27 април.

„Моите клиенти Василевски и Лазаров имаат испратено писмо до Иванов во кое посочуваат дека Законот за амнестијата е селективен и пристрасен. Луѓе за кои има докази дека сториле дело се дома и на старите работни позиции, а лица што имаат или немаат вина, но не биле во Собранието на критичниот ден, добиле казна затвор од 15 години. Трагично е што законот се применува како што некому ќе му текне. Судството и правниот систем се разнебитени. Не можеме да зборуваме за правила кога тие не се почитуваат. Се создаде пракса спротивна на законот“, додава Давидовиќ.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ да одговори кој ги нарача скандалозните помилувања на нарко-босови

Левица: Министерот Филков од ЗНАМ должи одговор за помилувањата наркобосови

СДСМ: Дали Министерството за правда дало позитивно мислење за помилување на криминалците и нарко босовите?

Нарко-босови јавно ѝ се заблагодаруваат на Силјановска, која е цената и кој ги зел парите за ова помилување реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски