Левица: Министерот Филков од ЗНАМ должи одговор за помилувањата наркобосови

Од:

Одлуката за помилување на прочуени криминалци докажува дека Силјановска, ДПМНЕ и ЗНАМ ја продолжуваат праксата на Пендаровски и СДС. Во само една година, вторпат се помилува член на криминалната група Барон, првиот пат од СДС, а потоа од ДПМНЕ, велат од Левица.

– Одговорност не смее да избегне ниту министерот за правда од ЗНАМ, Филков, кој на јавноста и затворениците коишто оправдано чекаат слобода е должен да им објасни какви предлози, односно олеснувачки околности за македонското подземје доставил до претседателката Силјановска. Филков од ЗНАМ е должен да каже и дали согласно Законот за помилување, можеби, тој самиот, по службена должност, ја повел постапката за помилување.

Изјавата на Силјановска и нејзиниот обид за амнестирање од скандалозното помилување, го цениме како крајно комично и недолично. Целосното префрлање вина на Комисијата за помилување и непреземањe никаква одговорност е апсурдно, имајќи предвид дека Комисијата не е ниту уставна, ниту пак законска категорија, односно помилувањето е во пресудна надлежност на Претседателот на Републиката.

Истоветноста на ДПМНЕ и СДС не е само во однос на принципот за ослободување на најеклатантниот криминал, туку и во членовите на Комисијата за помилување. Имено, на Зора Митиќ (којашто е актуелен член на Комисијата составена од Силјановска, а била член на Комисијата и за време на мандатот на Пендаровски) ова ѝ е втор пат да ослободува членови на картелот „Барон“.

Оттука бараме членовите на Комисијата за помилување: Методија Каневчев, Гордан Калајџиев, Арлинда Кадри Шахиновиќ, Зора Митиќ, Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири – јавно да го произнесат нивното мислење за помилуваните осуденици.

Јасно е дека со ваквата скандалозна одлука за помилување, ДПМНЕ и ЗНАМ, на чело со Силјановска, следејќи ја погубната политика на СДС, повторно отстапија од суштината на институтот „Помилување“. Додека затворите се полни со неправедно осудени, луѓе кои лежат туѓи злосторства, затвореници за престапи поради сиромаштија, украдени ќебапи и продавање марули – и оваа политичка гарнитура докажа дека и слободата се купува со пари, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Сиљановска-Давкова: Дијалогот со ЕУ мора да биде суштински – македонската држава очекува еднаков третман со другите земји кандидатки

А1он

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Сиљановска-Давкова ѝ честита на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал